Shower Shock

Ако ви кажам дека дојде времето да се откажете од утринското кафе, бидејќи е пронајдена достојна алтернатива, можеби многумина од вас и нема да се сложите.
...но, некои луѓе мислат дека пиењето кафе насабајле и задоволувањето на утринската доза на кофеин може да се замени со сапун...да да точно прочитавте - со сапун!
Shower Shock е првиот сапун во светот (барем така тврдат производителите) кој во себе содржи
кофеин. На тој начин утринското туширање и потребата од кофеин се поврзуваат - бидејќи кофеинот се апсорбира преку кожата (не е потребно да го јадете сапунот :-) ).

Scissor Sisters - Scissor Sisters

"
You gotta keep your shit together and your feet on the ground /
There ain't no-one gonna listen if you haven't made a sound /
You're an acid junkie college flunkie dirty puppy, dirty bastard!"
...ако сеуште не сте ги слушнале вака од прилика звучат
Scissor Sisters... својот дебитантски албум (насловен како
Scissor Sisters) го издаваат во
2004 и со него прават една навистина голема збрка.
Збрка во позитивна смисла нели - сите ги сакаат, но никој не може да ги категоризира и да ги стави во одреден жанр...дали е рок, електро или поп??
...барем јас таму го наоѓам тоа што го сакам во врска со нив - тоа што не може да бидат ставени во одредени рамки - значи дека прават нешто ново и нечуено до сега.
p.s. torrent од албумот
тука...
(...за оние кои не знаат што се тоа torrent-и и сакаат да дознаат повеќе
тука)

Живот со предмети (Living With Things)
Living With Things - е серија од 7-седум секојдневни предмети (лампа, чадор, слушалки, радио...) чија функција е модифицирана - предметите не работат како што би се очекувало од нив.

Преку предметите се истражува како и до кој степен еден предмет може да биде субјективиран од човекот, како резултат на човековата имагинација и емоции; и како може да настанат интимни моменти меѓу човекот и предметот.

Еден од 7-те предмети е радио кое функционира само ако го држите за неговата рачка; и го држите блиску до себе. Ако го оставите само - музиката престанува. На тој начин се остварува симбиотска врска помеѓу вас и предметот - вие му требате толку колку што и тој ви треба на вас.

Овој проект воедно е документиран со серија од фотографии, кои влијаат на тоа малку да подзастанеме и да подразмислиме за нашиот секојдневен живот; охрабруваат да се истражува поинаков поглед на светот и секојдневниот живот - а со тоа и на самите нас.

Ѕид од гради...
Wendy Rameckers е холандска дизајнерка, која за да им помогне на мажите кои решиле на своите девојки (или жени) да им подарат прслук (...градник
:-) ) , создала нешто многу оригинално...

Ѕидот се состои од редови на силиконски гради во сите големини - со чија помош, мажите визуелно и со допир можат да дојдат до правата големина; и на своите партнерки да им купат долна облека во права големина.
"Повеќето мажи имаат селективна меморија, тие знаат се за нивната кола, а никогаш не можат да ја запамтат големината на градите на нивните девојќи
" - на ваков начин оваа дизајнерка ја објаснува причината за реализирањето на оваа брилијантна идеја.
...мажите повеќе ќе се забавуваат додека купуваат - а жените ќе добиваат повеќе долна облека!

Peter Stanick
...ако ви е здосадено од читање на блогови (..се надевам не овој :-) ) ...посетете го овој сајт, на кој денес случајно налетав и пријатно се изненадив...

Peter Stanick Experience е многу интересна авантура во умот на еден уметник...

Комплет за ручек (The Mealbox)
Ако мислевте дека комплетите за излет се сведуваат на само на пластични чинии и чаши; и пластичен прибор, погледнете го ова...

Комплетот за ручање (The Mealbox од Ingland Design) е намештај кој е дизајниран, така да можете да го понесете со себе. Составен е од 14-делови, кои барем од сликите изгледаат едноставни за склопување. Ви овозможува да ја земете вашата маса и столици каде ќе посакате, и да уживате во малку повеќе комфор од вообичаено.


ЕкоСвера (
EcoSphere) е првиот целосно затворен еко-систем создаден од човекот. Тоа е комплетен самоодржлив минијатурен свет затворен во стакло.
Внатре, во
ЕкоСвера-та живеат активни
микро-организми - црвени ракчиња, бактерии и алги, кои опстојуваат во филтрирана морска вода. Заедно тие претставуваат самоодржлив еко-систем, па токму затоа животот внатре не треба да биде хранет. Единственото нешто без кое не може е светлината, па затоа и треба да му биде обезбедена.

Преку ЕкоСверата на многу едноставен начин може да се види како функционира и планетата на која живееме...воздух, вода, светлина и едноставен синџир на исхрана.
Интересното во целата работа е тоа што секој може да си купи ваков мини - свет за дома, и да ужива во преубавата комбинација на наука и уметност.

Motorola RAZR V3i
На прв поглед изгледа како уште една дополнителна боја за овој навистина убав телефон, но...

...
Dolce и Gabbana и
Motorola се здружија за да пуштат во продажба, ограничена серија од
1000 златни
Motorola RAZR V3i телефони. Достапни ќе бидат само во продавниците на Dolce и Gabbana. За цената информации нема, ама сигурно е дека нема да биде ниска!

Животен циклус
"Најнеправедната работа во животот е начинот на кој завршува" -
anon.

Животот е тежок. И ти одзема многу време.
И што добиваш на крај?Смрт...Што е тоа? Награда?Мислам дека животниот циклус треба да биде обратен.Значи:
Прво треба да умреме, за да го тргнеме тоа веднаш од дневен ред.
Потоа живееш во стеречки дом.
По некое време, те исфрлаат од него бидејќи си премлад.
Добиваш златен часовник и почнуваш да работиш.
Работиш 40-тина години се додека не си доволно млад да уживаш во 'пензионирањето'.
Тогаш почнуваш да пиеш, да се дрогираш, журкање до бесвест... стануваш спремен за во средно.
Потоа одиш и во основно, стануваш клинец, си играш, немаш никакви обврски.
Стануваш бебе, одиш во мајчиниот базен, таму пловиш 9 месеци.
И завршуваш како оргазам.
...превземено од
On-net.

Музејот Patek Philippe

Лоциран во зграда од раниот
20-ти век, Музејот
Patek Philippe во Женева, се наоѓа на место кое има долга и интересна историја на производство на часовници.

Во него е сместена извонредна колекција на најдобрите направи за мерење на време кои се познати до денес. Преку нив на најдобар начин може да се осознаат корените на производството на часовници, и тоа почнувајќи од античките креации од
1500 година, па се до основањето на
Patek Philippe во
1839.

Дрво од светлина
Дрвото од светлина (Lumen Three) е лампа која проектира сенка на дрво на вашиот зид. Самото дрво и телото на лампата се направени од челик, воедно оваа лампа користи течен восок. Големината на дрвото зависи од тоа, колку е оддалечена лампата од зидот - колку е таа подалеку, толку вашето дрво ќе биде поголемо.

Adam Frank e дизајнерот и иноваторот кој создаде ова дело. На неговата веб страна можете да најдете уште многу интересни изуми и арт-инсталации.

Црниот Витез (скоро неуништлив...сигурно непобедлив)

...а само што помислив дека веќе не ме интересираат
играчки...
По природа е територијален. Како и секој друг витез, ужива со својата самотија и не се сложува добро со никого. Својата избрана територија по секој цена ќе ја брани со својот живот од други витези, од поштари или од луѓе што пробуваат да стигнат до wc-тo! Притоа вашиот витез може да изгуби дел од екстремитетите (или сите), но тоа никогаш не е фатално по неговиот живот!
..во секој случај обожавателите на
Монти Пајтон како и бруталните дечиња од било која возраст
:-) , ќе го ценат
Црниот Витез и чистата садистичка забава што ја нуди!

Петар Мазев
Петар Мазев е еден од најважните и највлијателните македонски уметници. Роден е во
1927 година во
Кавадарци. Академија за ликовни уметности завршил во
Белград 1953 година. Неговиот богат творечки живот го завршува во
Скопје во
1993 година.

Со своите дела и уникатниот творечки дух, тој допира до уметничките кругови во земјите на поранешна Југославија. Посебен интерес предизвикува неговото претставување во САД, каде неговата уметност се споредува со големи авторски имиња како Вилијам Де Кунинг, Џексон Полок, Френсис Бејкон...

Тој за своето сликарство ќе рече:
"Творецот мора да биде човек на своето време, да го следи и бележи неговиот ритам. Кога живеам во вакво време, не можам да сликам маса со четири јаболка туку ќе го сликам човекот со неговата судбина и немир. Не сакам романтика, која во ова време е нереална и не му припага. Пикасо ја сликал разрушената Герника. Доброто и злото постојат во нас, и нам, на творците ни останува да се бориме против тоа зло."

Неговата последна изложба - насловена како "Последниот Здив" , беше сконцентрирана на последните 10 години од неговото творештво и се одржа во Музејот на современа уметност на Скопје.
Галерија со делата на Мазев опфатени со оваа изложба можете да најдете
тука.
