Цимер, дека си бе, цимер ( Пеницилин )

текстов е via [развигор / vbb / me ] .... :-)

Ова не се пропушта! :-)

Видео-спот од песната „Цимер“ од Пеницилин обезбедена од ВББ, како дополнение на неговиот напис за македонската поп-рок сцена од прва половина на осумдесеттите.




Пеницилин се познати ви се по песната „Цимер, дека си бе цимер“, култната студошка песна. Можда сте ги фатиле у ретки прилики коа ги давале на МТВ.
Пејачот со брада, бушав со лента на глаа, гитаристот сумњива фаца ко лондонски лопов итд. На крајот на тој шо им е као спот на крајот на песната викаат „и така станавме директори“ (демек у причава на песната студошите од село напраиле кариера у градот „цимер ја ќе останам У Скопје и не се враќам повеќе во селооо!“)


Еве извадок од текстот:
Цимер, дека си бе цимер?
Е арен ли си шо ќе се пофалиш?
Дај до први дваесет илјади,
и не е лошо женска да наместиш!

Цимер, дека си бе цимер?
Дај за вечер позајми фармерки.
Цимер, чир во стомак имам,
зошто јадам урда и пиперки.

Цимер!...

Цимер, да ти се пофалам:
девојче сам фанал, како снег е бело.
Цимер, јас ќе останам во Скопје
и не се враќам повеќе во село!
...
Класика! Легенда! Култ!


п.с. ...тапанарот на Пеницилин ( чичко Баже ) ми е комшија, и токму заради насловот на песната „Цимер, дека си бе цимер“ - сите машки во фамилијата носат надимак "Цимер" уште од раѓање! :-)

...од пред некое време слушам како некој кај нив мава по тапаните, секој ден! Се надевам дека подмладокот работи на некоја нова песна што ќе биде подобра (ако е можно) од Цимер!

0 Коментари:

Post a Comment

Линкови до овој пост

Create a Link

<< почетна страна