Жута Патрола ( Цимер дека си бе Цимер - продолжение )
Овој текст е на некој начин надоврзување за [Цимер дека си бе цимер] текстот, што го постирав пред некое време....
"п.с. ...тапанарот на Пеницилин ( чичко Баже ) ми е комшија, и токму заради насловот на песната „Цимер, дека си бе цимер“ - сите машки во фамилијата носат надимак "Цимер" уште од раѓање! :-)
...од пред некое време слушам како некој кај нив мава по тапаните, секој ден! Се надевам дека подмладокот работи на некоја нова песна што ќе биде подобра (ако е можно) од Цимер!"
...
...и дечкиве (подмладокот) денес откако нормално пак ме разбудија рано сабајле со песна - ги начекав во денешниот врој на ВЕСТ. Групата им се вика "Жута Патрола" ...и стварно свират добро, ако се уште копиљаци :-)
[текстот од вест - за Жута Патрола]

Христијан (10), Мики (12), Кико (12) и Ѓоко (12) се членовите на веројатно најмладиот панк-рок состав кој постои во Македонија. Учат во основното училиште "Кочо Рацин" во Скопје, а заедно како бенд свират речиси година и пол.
- Лани по повод крајот на школската година, свиревме во нашето училиште. Многу сме популарни на училиште, а се случува и повозрасни луѓе да не охрабрат, кога ќе не сретнат на улица, вели фронтменот на "Жута Патрола", Христијан. Тој е поврзан со музиката преку татко му Благоја Спирковски, кој бил член на групата "Пеницилин", а ја паметиме по песната "Цимер".
- Иако сме многу млади, тоа не значи дека свириме на било што. Еве моите тапани чинат 40.00 денари, а појачалото е осумнаесет илјади денари. Електричната гитара и бас гитарата, на кои свират Мики и Ѓоко се од марката "Јамаха", ни кажа Христијан.
Кога пристигнавме во нивната населба Водно, не пречекаа со инструментите извадени на сред улица, но, бидејќи почна да врне се преместивме внатре во куќата каде што секојдневно вежбаат по два часа. Почнале да вежбаат во Музеј на град Скопје, во подрумските простории, но сега се во недоградената куќа на Христијан.
- Последен јавен настап имавме во културниот центар "Точка" на изложбата на Џорџе Ивановиќ. Претежно свириме рок, панк, хард-кор. Наши идоли се домашните групи "Ту сајдс", "Поинт бленк", "Суперхикс", "Морал", "Лоши деца", а од странските "Секс пистолс", "Рамонс" и "Клеш". Не можеме да ја поднесеме музиката на Аријан Гаџа, Ребека, Ѓоко Танески. Најчесто сакаме да ја изведуваме "Гоод саве тхе љуеен" и "Анарцхs ин тхе УК" од "Секс пистолс", со разигран детски глас ни кажа Кико.
Кога станува збор за љубовта, најотворен е Христијан и ни се довери дека има девојка од четврто одделение, која се вика Марија.
Нивна желба беше да свират како предгрупа на скопскиот концерт на "Рибља чорба", но предоцна се досетиле на ова. Нашата средба заврши со песната "Цимер", а следната средба ја закажавме на некој нивни иден настап.
del.icio.us
Digg
3 ÐоменÑаÑи:
лудила беа, во точка..
kako ne be brat bile dobri ni priblizno kako nivnite mladi majki sto bi rekle dead kennedys
шо се занесува бе овој пред мене шо напишал коментар?!?!?!?!?!?!?!?!
не ги врегај бе!!!!!
најболји група се беееееееее!!!!!!
голем поздрав до сите членови, а особено до ЦИМЕРЧЕ. ;)
Post a Comment
Ðинкови до Ð¾Ð²Ð¾Ñ Ð¿Ð¾ÑÑ
Create a Link
<< поÑеÑна ÑÑÑана