"Секи, Вики и Симона: Сноубол" [ Istoricar's blog ]


"Секи, Вики и Симона: Сноубол"

И заѕвони мобилниот. Се јави како попарена. Откако заврши со разговорот, ја подбуцнав:

„Дечкото ти се јави?“

„Аха, дечкото. Доктор е.

„Супер“ – си помислив. Сега сигурно ќе ми каже и со каков просек ги завршил студиите по медицина, каква кола вози, каков саат носи на рака. Знам дека тоа Симона од секогаш ја интересирало. Но, наместо тоа, таа праша за Секи.

„Се гледате со Секи“

„Да. Вчера беше кај мене“

„Со мене престана да контактира. Да не ми е љут?“

„Не знам“ – а и стварно не знаев. „Ако има нешто сигурно ќе ми каже“.

„Не верувам дека се ти кажува што се случува меѓу мене и него.“


***


Кога слушна дека Симона фатила дечко ништо не рече. Се загледа во шанкот и две минути беше „отсутен“. Кога си дојде на себе, голтна од пивото и кажа: „Знам дека има дечко. Кој ја ебе. Никогаш многу не сум ја сакал“. Го загледав под око и по неколку мига двајцата прснавме да се смееме. Јас дека проклето лошо лажеше, а он којзнае зошто. Ваљда му олесна. Шанкерката, девојка од 20 и нешто, со кратка плава коса и тесна маичка на прерамки пристојно не изгледа. Ваљда си помисли: „Овие двајца чичковци одлепиле.“

„Види како не кибицира“ – запримети Секи.

„Куче касапско. Уште мириса на млеко“ – изреагирав.

„На млеко, на млеко... Ама на она чоколадно што се пие на екс“

„Мањаку галичански. Нема више од 22 години.“

„О, педерче башиноселско. Ти као голем моралист демек ќе одбиеш да лизнеш од шлагот. Ќе ти се слоши. А и Вики не е нешто постара од шанкерчево“.

„Опа бато. Вики!!! – изреагирав. „Јас мислам паднал у депресија и секој моменат ќе си пуца у глава, а он ни едно – ни две, Вики. Фали се, што чекаш.“

А Вики, стварно, не беше којзнае колку постара од шанкерчето. Не повеќе од 24/25. Пргава бринета со очи како џамлии и цвикерчиња кои ја правеа поинтелигентна отколку што стварно беше. Секогаш коњак и оние долги дамски цигари. Ваљда се обидуваше да изгледа повозрасно отколку што стварно беше. Вујко и средил да се вработи као PR – менаџер у некоја од агенцииве. Од далеку се препознаваше дека не дозволува ништо да и побегне во животот. Секогаш го добивала она што го сака. Без тактизирање и лажна еманципираност.

По кажувањето на Секи, она прва го пробила фронтот. Не чекала Секи да добие наплив на романтичност. Пиеле кафе у она СДСМ-овско место на „Аларова Стрит“, карши бивш Макотекс, кога од „чиста мира“ му рекла дека и се свиѓа седнувајќи му у скут. И Секи пошизел. Наполно се предал на непријателот. „Капитулација во 26 слики.“

Во неделата Секи ми се јавуе да ме праша дали ќе правиме скара за 11-ти октомври. Онака уз муабет ме прашува дали знам што е тоа сноубол.

„Не знам. Ваљда нешто со снег“ – љубопитно одговорив знаејќи дека ќе следи вистинската дефиниција.

„Со снег, жими ашимов.“ – почна да се смее. „Драгиша, немаш ти појма што е тоа сноубол. Те прегазило времето. Иди и понатаму ложи се на антиквитети“.

„Некој мора и тоа да го прави“ – се одбранив.

„Ако не си пробал сноубол, ништо не си пробал у живот“ – продолжи Секи. „Знам дека ќе почнеш да шизиш, ама во петокот сум окусил сноубол.“

„Е добре бе, кажи веќе еднаш што е сноубол. Некој сладолед или...“

„Каков сладолед бре будало заостаната. У петокот со Вики имав сноубол сеанса. Ми лежи на душа и морам да ти кажам“.

„Кажуј бре веќе еднаш. Да не си почнал да се дрогираш на стари години?“

„Не биди последна будала.“ – Секи почна да се смее. „У петокот, кај мене, Вики ми вика да сме пробале сноубол. Финтата е во тоа што откако ќе и свршиш у уста после почнуете да се лапате.“

„И ти што напраи?“ – јас излезен од кожа.

„Вкусот е бљуткав. Малку киселкав. Ништо посебно“

***

На 11-ти октомври, кај мене на скара, Секи дојде без Вики. И бил дојден газдата од странство и сите вработени ги носел на заеднички ручек. Демек за празникот. Негде околу 17:30 му се се јави на Секи.

„Морам да одам. У осум и пол требе да сум кај неа дома.“ – Секи се правдаше додека го испраќав по скали.

„Тебе изгледа ти се заарни. Пак да не праите сноубол. Немој после на аутопазар да не ве видам на некоја касета “ – го пецнав.

„Ма јок. Требе да се упознаам со нејзините. “

„Опа бато. Изгледа работава ќе излезе сериозна.“

Вчера ми се јавува Лорко. Ме вика за у кладилница. Разбрал дека Либерец ќе ја продаде утакмицата у недела. Му кажал колега на брат му чија снаа има братучед у Чешка.

„Викни го и Секи“ – ми вика.

„Не верувам дека ќе дојде. Се заљубил у Вики и нон стоп е со неа“

„Значи ефективно ја преболи Симона?“ – насмеано констатира Лорко.

„Најверојатно“ – јас прилично воозбилен. „Додуша и она фатила дечко. Некој доктор.“

Лорко почна урнебесно да се смее од другата страна на слушалката.

„Знам, знам... Вчера ја видов у 12-ка. Го знам и фраерот. Каков доктор – какви бакрачи. Заедно завршивме у Бато. Типот е физиотерапеут у ФК Маџари. Заврши шест месеци курс за физиотерапеути.“

via - [ Istoricar's blog ]

0 Коментари:

Post a Comment

Линкови до овој пост

Create a Link

<< почетна страна