"Нота Фест" - Саем на оружје ?!?

место - Универзална Сала - Скопје
време - 26 - 11 - 2006
сторител - "непознат"
мотив - "биле лути и гневни што нивниот „фаворит“, пејач од Кондово, не влегол во финалето"


"Прескокнаа преку оградата, поминаа без проблем покрај полицијата и обезбедувањето, влегоа во салата, ја превртеа миксетата и скршија една камера. Потоа заминаа, а никој не ги запре. Се' се случи со филмска брзина - велат очевидци на настанот."

...

"На барањето да покажат влезници, еден од нив го тргнал палтото и го покажал пиштолот, а имал и калашников. Обезбедувањето ги пропуштило, а тие веднаш влегле во салата и се упатиле кон главната миксетата со која технички се управува со композициите на фестивалот."

"На повик од полицијата веднаш на местото дошле и припадници на единицата „Алфи“ кои тргнале во потрага по разбојниците. МВР го потврди инцидентот. "

...

[...и најитересниот дел - до душа карактеристичен за нас]

"Очевидците велат среќа во несреќата е што никој не дал отпор и полицијата не пукала зашто тоа можело да предизвика масакр."

[...и ова..]

"Насилниците кои биле вооружени со автоматски пушки и пиштоли не биле маскирани. Полицијата веднаш презеде мерки за нивно пронаоѓање..."

...


Сметам дека коментирање на вакви настани е чиста излишност - ова погоре сватете го само како една констатација на нашата заебана реалност која насилно ни е наметната, и што е најчудно - ја прифаќаме без никаков отпор....пошо - "што можеме да смениме ние?" :-)

p.s. ...погледнете како во современите земји (Франција) се разрешува конфликт кога група од 100 луѓе се упатува накај полицац во цивилка и му се обраќа со зборовите - “Dirty nigger” and “France for the French” [линк]
...

[линк 1] - целата вест од Дневник
[линк 2] - "dedicated to Kalashnikov and his friends"

2 Коментари:

На 3:38 PM, Anonymous кибицер рече...

Па добро...
Секојдневно сме сведоци на вакви настани. Сепак во конкретниов случај се работи за бизарна причина за потегање по оружје. тоа дополнително требе да не замисли.

Второ,
Сепак мислам дека е подобро што полицијата не отворила оган. Навистина местото и улиците по кои бегале „идиотите“ се прилично фреквентни. Подобро вака отколку некој невин да настрадал од залутан или рикошетиран куршум. Вака ако навистина го знаат идентитетот на напаѓачите, а веруем дека го знаат, еден по еден под итно нека ги уапсат. На спиење.

Поздрав.

 
На 4:28 PM, Blogger Gjole рече...

Да донекаде е добро што не се распукале таму среде центар - ама па коа ќе видиш ( затоа и го ставив линкот одоздоле за случајот од Франција ) - кога тогаш на такви насилници треба да им се спротивставиш на ист начин како што и тие функционираат - со сила!

Мора државата да го покаже своето присуство - па макар и со невини жртви понекогаш - за да следниот пат кога на некој ке му текне среде центар да се шета со AK-47 - да се замисли кои последици може да ги сноси.

Деликатно е прашањево не викам не...ама опциите се тие - или оставаш насилниците да прават што сакаат ( како што е во случајот ) или ги "неутрализираш" и крај!

 

Post a Comment

Линкови до овој пост

Create a Link

<< почетна страна