Pronto Condoms ("најбрзите кондоми на светот :-)")

Еве една нова / интересна варијанта на веќе многу познат производ - кондомот!
Pronto кондомот за разлика од "обичните" кондоми е наменет за оние мрзливи луѓе кои сметаат дека целиот "ритуал" на навлекување на кондомот е чисто губење време и уништување на моментот.


Како и сите останати кондоми е направен од latex , и го нуди вообичаеното ниво на заштита. Тоа по што се разликува Pronto од останатите, е посебниот начин на пакување - кое во исто време се користи и за брза апликација - што всушност е и главниот адут на овиој производ.

За да не навлегувам во детали, како тоа всушност се прави ... :-) ...подолу ви оставам да погледнете една детална илустрација, како и линк до видео клип од постапката!

Инаку кондомите сега за сега ги има само во Јужна Африка (таму се измислени) но, во набрзо време се очекува нивно распространување насекаде низ светот!

0 Коментари:

Post a Comment

Линкови до овој пост

Create a Link

<< почетна страна